Наскоро започнува Академија за жени- претприемачки

.

August 22nd, 2023

Наскоро започнува Академија за жени- претприемачки

Што е Академија за жени- претприемачки?

Академијата за жени претприемачи (AWE) e програма која на жените- претприемнички им дава знаење и вмрежување кои им се потребни за да започнат и да развијат успешни бизниси. Со промовирање на економските можности на жените и обезбедување на вештини и ресурси потребни за активно учество во економијата, програмата AWE директно ја поддржува Националната стратегија на САД за родова еднаквост, а на локално ниво со помош на локални партнерства и мрежите на алумни за размена со САД им помага на жените и нивните бизниси да растат, поттикнувајќи просперитет во повеќе од 80 земји во светот! Во Република Северна Македонија Академијата за жени претприемачи во 2023 година ќе ја имплементира организацијата Македонско – Американска Алумни Асоцијација во која членуваат над 400 членови – алумнисти од различни едукативни и програми за размена со САД.

Повеќе за програмата на следниот ЛИНК - https://eca.state.gov/awe

По која методологија се спроведува Академијата?

AWE користи хибриден модел кој ја комбинира онлајн платформата DreamBuilder (развиена на Државниот универзитет во Аризона) со in-class менторство и фасилитирање од локални експерти. Преку AWE, учесниците ги учат основните деловни вештини, а потоа се собираат да разговараат за материјалот со искусни експерти и докажани локални ментори. Партнерствата со локални невладини организации, универзитети и стопански комори им нудат на жените можност да ги зајакнат своите новонаучени деловни вештини и да се поврзат со други деловни луѓе.

Критериуми за учество?

- Студентки од завршни години на факултет од ICT и STEM области од сите универзитети во Република Северна Македонија

- Жени-претприемачки од земјоделскиот сектор и производство на храна, на возрастдо 34 години

- Жители на Република Северна Македонија

- Мора или да има остварлива бизнис идеја или да има регистриран бизнис

- Да учествува во онлајн неделни групни сесии приближно 12 недели и лично прусуство на најмалку 4 работилници за времетрање на програмата

- Добро познавање на англиски јазик

- Основна компјутерска писменост и пристап до компјутер

Како ќе се одвива Академијата?

Септември

Онлајн демо ден 01.09

Пријавување 04-22.09

Објава на конечната листа на учеснички – 26.09

Октомври

Старт на програмата 04.10

Октомври – Декември

Реализација на програмата 04.10 – 16.12. 2023

Декември

Graduation Ceremony – 25.12.2023

ЛИНК за апликација

Повеќе информации – Верица Јорданова, проект координатор, 070 401 164

Академијата е поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, a имплементирана од MAAA.

Copyright 2024 Made by Lucky Media